Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Лишен од слобода крадец од струмичко, при приведувањето со пушка им се заканувал на полициските службеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

На 07.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби.

— реклама —

Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон пријавителот и другарите, но не ги погодил. Од страна на полициски службеници од СВР Битола, веднаш по добиената пријава биле преземани мерки и активности за пронаоѓање на лицето, при што во нива во с. Долно Српци е пронајдено возилото, а во нива во с. Вашарејца, општина Могила, е пронајден и сторителот за кој е утврдено дека е Г.П.. Полициските службеници му издале наредба да ја фрли пушката, но тој не постапил по наредбата туку ја вперил пушката наизменично кон двајца полициски службеници, по што тие предупредувачки истрелале неколку куршуми во воздух.

— реклама —

При преземањето мерки за совладување на Г.П., тој се обидел да му го одземе службениот пиштол на едниот полициски службеник, но не успеал во намерата, по што се обидел со пушката да пука кон полицискиот службеник. На тоа возвратил полицискиот службеник и истрелал два куршуми кон Г.П., при што му нанел лесна телесна повреда. Со возило на Итна медицинска помош Битола, Г.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош, а потоа е приведен во Полициската станица Битола и по насока на јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на настанот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pretepal-do-smrt

Тројца мажи претепале беровчанец пред казино

Македонија | пред 4 минути

bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

Холанѓани снимале со дрон кај касарната Илинден, полицијата ги уапси

Скопје | пред 5 минути

media-libraryi1u3ojj2417q7pRe5zm

Мигрант сакал да се качи на воз во движење, па возот му ја прегазил ногата - пренесен во болница во Гевгелија

Македонија | пред 7 минути

woman-using-smartphone-technology

Маж праќал експлицитни слики и вознемирувачки пораки на жена од Скопје

Скопје | пред 9 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања