Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ангелов: Задоволен сум од специјалните возила – се тестираат во реални услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
vozila

Во гаснењето на пожарот во Скопско, кој траеше во текот на вчерашниот и денешниот ден, се вклучија и две специјални противпожарни возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС): еден „Хермелин“ со цистерна од 6 тона и еден „Пинцгауер“ со капацитет од 1,5 тон вода.

— реклама —

Како што објасни директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, употребата на БТР-80 била исклучена поради специфичната конфигурација на теренот:

— реклама —

„Бидејќи се оперираше низ населени места со стрмни и тесни улици и остри кривини, сметав дека не е безбедно да се користи БТР-80. Наместо тоа, подготвивме две возила за можен транспорт до фабриката ‘Самоков’, кои со своите резервоари од 6 тона и моќни пумпи со дострел до 100 метри, можат значително да помогнат при одбрана на објектот“, изјави Ангелов.

— реклама —

Сепак, поради тоа што пожарот бил ставен под контрола пред да се приближи до фабриката, овие возила не биле испратени таму.

— реклама —

Директорот нагласи дека сите возила се уредно тестирани, имаат технички преглед и се регистрирани на име на ДЗС. Воедно, посочи дека актуелното вклучување на специјалните возила е дел од поширок план за нивно тестирање во реални услови:

„Како одговорен за овие возила, дадов наредба да се тестираат на терен – не само пумпите и капацитетот, туку и целата посада. Овие неколку дена ги третираме како тест фаза. Откако ќе се увериме дека се доволно ефикасни и безбедни, нивниот број ќе се зголемува согласно потребите“, додаде тој.

Ангелов посочи дека од досегашната употреба е презадоволен од перформансите на специјалните возила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-09-13-at-10.27.02

Чадењето на Дрисла намалено, останува да се затрупа уште третина од опожарената површина

Скопје | пред 6 месеци

STOJANCE-ANGELOV-POZAR

(Видео) Тежок за гаснење е пожарот во складиштето за отпад, упатени хермелини кон локацијата

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2024-04-06-at-09.26.20

Стојанче Ангелов потсетува: „Ниту збор за битката кај Арачиново – еден од најтешките денови во 2001-та“

Македонија | пред 9 месеци

stojance-angelov

Ангелов за новото директорско место: ДЗС е во хаос, без пилоти и без тимови

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања