Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Обука и униформи за граѓани – државата вклучува невработени во борба со пожарите: Ако видите некој да носи палети и шишиња, пријавете!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-07-09-at-18.03.05

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска изјави дека постојат сериозни сомнежи оти дел од пожарите кои избувнаа деновиве низ државата се намерно подметнати.

— реклама —

„Од информациите кои ги имаме досега, се сомневаме дека некои од пожарите се подметнати. Имаше дрвени палети фрлени во грмушки, кај скопската обиколница е најдена гума, а на друго место шишиња со бензин. Вчера се фатија лица кои се обиделе да предизвикаат пожар“, изјави Ангелов.

— реклама —

Тој упати апел до граѓаните доколку забележат лица кои носат палети, запаливи материјали или се однесуваат сомнително, веднаш да пријават во Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во однос на новите пожари, Ангелов информира дека кратко време пред неговата изјава избувнал пожар на улицата Трета Македонска бригада, кој бил брзо локализиран.

— реклама —

Во меѓувреме, институциите започнаа мобилизација на 400 невработени лица од различни општини кои ќе бидат вклучени во активности за заштита и превенција од пожари. Во Скопје се бараат 80 лица.

„Има голем интерес, инбоксот ми е затрупан со пораки. Сите заинтересирани треба да се пријават според информациите објавени во огласите. Ќе поминат обука, ќе добијат заштитна униформа и ќе бидат вклучени во гаснење пожари. Дел од нив, најдобрите, ќе бидат примени во противпожарните бригади и во ДЗС“, додаде Ангелов.

Надлежните апелираат на зголемена будност, одговорност и соработка во справувањето со пожарите, особено во услови на високи температури и силен ветер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања