„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Туфегџиќ: Обвинението против доктор Црвенкова е неосновано, ќе го дискредитираме со нови вештачења, има и пропусти од апсолутен карактер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на поранешната директорка на Клиниката за онкологија, д-р Симонида Црвенкова, изјави дека одбраната ќе го оспорува обвинението преку темелна анализа и контра-вештачења.

— реклама —

„Одбраната за овој обвинет ја градиме врз основа на принципите на медицинското казнено право, кое предвидува одговорност само во случаи на грубо прекршување на медицинските правила и утврдените протоколи. Кај мојата клиентка не постои такво однесување, ниту може да се донесе заклучок дека сторила дело кое е казниво,“ изјави Туфегџиќ.

Според него, постојните вештачења се проблематични по својата содржина и карактер, а конкретно за обвинетата не е утврдено дека начинот на лекување довел до влошување на здравствената состојба или смртен исход кај било кој пациент.

— реклама —

„Во текот на постапката ќе го дискредитираме обвинението со сопствени, нови вештачења. Работиме темелно, но сѐ уште ни недостасуваат четири медицински истории. Моја клиентка се товари за 16 пациенти,“ нагласи тој.

Туфегџиќ особено го оспори едно од клучните вештачења, изработено од стручно лице од Марибор, за кое вели дека не е регистрирано како судски вештак во Словенија.

„Сега бараме податоци и од Србија, дали лицето кое ги работело вештачењата е вешто лице таму. Јавниот обвинител мораше да се придржува до македонските закони и да инсистира вештачењето да го изработи лице кое е на официјалната листа на судски вештаци. Обвинението содржи пропусти кои се од апсолутен карактер,“ додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања