🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

На Арсовска и одобрија 24-часовно полициско обезбедување, на нејзе е дали ќе го прифати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
arsovska1111

По вчерашниот инцидент во скопската Општина Чаир, Министерството за внатрешни работи донесе одлука за одобрување 24-часовно полициско обезбедување на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Одлуката е донесена врз основа на безбедносна проценка подготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

— реклама —

„Во текот на денешниот ден, градоначалничката ќе биде контактирана од надлежните служби за да се координираат активностите поврзани со личната заштита“, соопштија од МВР.

Министерството нагласува дека постапува професионално и согласно надлежностите во секој поединечен случај поврзан со безбедноста на г-ѓа Арсовска. Во таа насока, од МВР презентираа хронологија на неколку инциденти:

— реклама —

На 1 јуни, градоначалничката била следена и загрозена од возило во движење. Иако таа не го пријавила случајот, полицијата постапила по оперативни сознанија, прибирала докази и поднела кривична пријава по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

На 2 јули, Арсовска преку социјалните мрежи објави дека добила закана од лице за кое тврдела дека е полициски службеник. Веќе следниот ден, Одделот за внатрешна контрола спровел увид и поведена е дисциплинска постапка против осомничениот.

На 5 јули, беа објавени информации за закани кон советничката Ирена Витина. Според МВР, советничката одбила да дојде во полициска станица, но службени лица извршиле теренска посета и прибрале податоци.

На 11 јули, по инцидентот во Чаир при инспекциски надзор, Арсовска добила лекарска помош, а осомничените лица веднаш биле приведени. Сепак, градоначалничката одбила да потпише записник за пријава и го напуштила полициското одделение, избирајќи повторно јавна комуникација преку социјалните мрежи, наместо директно со институциите.

Во врска со овој последен настан, МВР веќе поднесе кривична пријава против две лица – С.Љ. и С.Љ., за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Министерството остро ги отфрла тврдењата дека не постапува навремено и наведува дека секој случај се третира со законска процедура, транспарентност и професионализам.

„Апелираме до сите јавни функционери да не ги користат медиумите и социјалните мрежи како замена за институционална комуникација. Навремено пријавување во МВР е клучно за ефикасна заштита и разрешување на секоја потенцијална закана“, порачаа од Министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања