Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Стојаноска: На Скопје му треба градоначалник како кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски е симбол на работа, чесност и посветеност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
stojanoska-1

Во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, вечерва гостуваше пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која дискутираше за кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Стојаноска на самиот почеток истакна дека Орце Ѓорѓиевски е профил на личност која му е потребна на Град Скопје, и е симбол на работа, чесност и посветеност.

— реклама —

„Во однос на нашиот кандидат Орце Ѓорѓиевски, сметам дека тоа навистина профил на личност којашто му е потреба на Градот Скопје, бидејќи изминативе четири години како е градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски е веќе симбол на работа, посветеност, на постојан контакт со граѓаните, на реформи коишто се навистина случени во Кисела Вода, таму нема жител којшто не е задоволен од она што Орце Ѓорѓиевски како градоначалник на оваа општина го покажа“, истакна Стојаноска.

— реклама —

Пратеничката потенцираше дека Ѓорѓиевски е постојано на терен, достапен за сите граѓани, кој ќе направи препород за Скопје, и дека тоа ќе се види преку убедливата победа уште во првиот круг.

— реклама —

„Имавме партиски анкети, што телефонски што теренски сите не доведоа до тоа Орце Ѓорѓиевски официјално да биде наш кандидат. Постојан работник, постојано на терен, достапен за сите и мислам дека ќе направи буквално препород за Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе нема противкандидат или против тежа којашто може да ја загрози неговата убедлива победа уште во првиот круг“, рече Стојаноска.

Во врска со прашањето за обединувањето Стојаноска додаде:

„ВМРО-ДПМНЕ како партија уште пред една година повикуваше на обединување, но прашањето е од другата страна кој е ставот и со кого би требале да се обединиме, бидејќи Венко Филипче на националниот Совет за евроинтеграции и вчера во интервјуто кај вас кажува дека и после ова временска дистанца Венко Филипче ни тврди дека тоа било најдоброто можно решение за Македонија и кажува дека за ваквиот став се консултирал со Маричиќ, Димитров со Бујар Османи. Тоа се оние коишто ни ги нанесоа најголемите штети како држава, прашањето е со кого да се обединиме? Со Филипче којшто е дејуре лидер на опозицијата но дефакто е најголемиот бугарски ас на македонската политичка сцена“, децидна е Стојаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

Филипче за неколку месеци се скара со сите, само со Заев не, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 12 часа

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-4930PM

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ смениле ДУП во Тетово за бизнис вреден 200 милиони евра

Македонија | пред 15 часа

media-libraryqfvs7s7opoht2jSNOlr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче секоја навреда ја претвора во комплимент

Македонија | пред 1 ден

media-library24unaho4uq2vagKdgFZ

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска беше играч на СДС, нека не глуми жртва

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања