🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Главната бина целосно пеплосана – пожар го зафати „Тумороуленд“ пред стартот на фестивалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
tomorowland

Два дена пред официјалниот почеток на светски познатиот фестивал на електронска музика „Тумороуленд“ во Белгија, силен пожар ја зафати и целосно ја уништи главната бина. Организаторите соопштија дека, за среќа, нема повредени и дека фестивалот ќе се одржи како што е предвидено.

— реклама —

На снимки објавени од локалните медиуми и корисници на социјалните мрежи, може да се забележат пламени јазици и густ црн чад како ја зафаќаат конструкцијата, додека огнот се шири кон блиската шума. Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот.

— реклама —

Фестивалот се одржува во градот Бом, во близина на Брисел, и секоја година собира десетици илјади посетители. Оваа година неговиот почеток е закажан за утре.

„Станува збор за сериозен инцидент – нашата главна бина е сериозно оштетена од пожарот. Тоа беше сцена на која работевме со години и ова е голем удар. Но, најважно е дека никој не е повреден. Фестивалот продолжува. Во кампот очекуваме околу 38.000 гости, а во самиот град над 100.000 посетители. Главната бина нема да ја има, но ќе понудиме алтернативи“, изјави портпаролот на „Тумороуленд“.

Фестивалот е основан пред две децении од двајца белгиски браќа и денес се вбројува меѓу водечките светски фестивали за електронска музика, познат по своите импресивни сцени и визуелни перформанси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања