🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

За само три дена направени се скоро 2500 сообраќајни прекршоци – брзо возење, погрешно паркирање, користење мобилен...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
kazni-policija-policaec

Во текот на изминатите три дена од оваа недела (14./15./и 16.07.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2490 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.

— реклама —

-Така, заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 513 прекршоци, за неправилно паркирање 657, додека пак 251 учесник во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола. Исто така, за 89 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 103 лица се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило и уште 153 лица заради неносење на заштитна кацига. Покрај ова евидентирани се девет случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 185 прекршочни платни налози за пешаци, додека пак од сообраќај се отстранети 26 возачи заради управување на возило под дејство на алкохол, информира МВР.

Велат и дека согласно Законот за возила во посочените три дена од неделава биле изречени 12 прекршоци по основ на технички неисправни возила и 56 по основ на возила коишто не биле регистрирани.

— реклама —

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, посочуваат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања