Бугарски медиум го обвинува семејството на Лефков дека се бугарски државјани, пратеникот се жали дека е мета на хибридни напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
lefkov

Бугарскиот медиум „24 часа“  објави текст во кој што пишува дека речиси сите поблиски роднини на пратеникот Миле Лефков се бугарски државјани. Медиумот тврди и дека братот на пратеникот поминал низ постапката за добивање на бугарски пасош.

— реклама —

-Околу 20-тина од семејството Лефкови од Кочани, сите први и втори братучеди, како и неговиот брат Иван, се бугарски државјани кои поминале низ постапка во која декларирале дека имаат дедо Бугарин и дека и самите се чувствуваат како Бугари. Во исто време, партијата на Миле Лефков се противи сите луѓе во Република Северна Македонија кои се изјаснуваат како Бугари, да бидат внесени во Уставот, пишува  „24 часа“.

— реклама —

По ваквите пишувања, се огласи и самиот пратеник.

— реклама —

„Објави насочени против мене и мојата фамилија – објава на „24 часа бг“. За минута преземена на страници кај нас-лаги, вести, дискредитации, стартуваат по нарачка, од ботови, скришни или бугарски страници, а потоа молневито се шират! Координирана и скапа акција! СДСМ сега да си го објасни соопштението полно со навреди, повикувајќи се на „жолти комбиња“ и параноја – додека реално, Македонија и македонските политичари кои ги штитат националните интереси се цел на синхронизиран напад. Ова не е параноја, туку организирана операција против секој што се бори за македонските интереси- СДС да одбере страна“, стои во објавата на Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања