„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Музејот на Македонија ќе постави изложба за западноафриканската уметност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
muzej

Музејот на Македонија утре ќе отвори изложба „Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност“ која ја организира во соработка со Музејот на африканската уметност од Белград.

— реклама —

Оваа изложба првпат во Македонија ќе претстави африкански експонати, што претходно можеа да се видат само во светските музеи или во документарните фимови. Музејот од Белград во својата обемна колекција има предмети од повеќе народи од Африка. За оваа изложба тие селектираа скулптури, маски и ткаенини што се поврзани со култовите на плодноста и предците, како и со обредите за иницијација и погребувањата.

– Ова е прва можност македонските граѓани да се запознаат со африканските култури и да ги видат мноштвото скулптури и маски што ќе бидат изложени како светско културно наследство, наведува Музејот на Македонија, кој денеска организира и прес-конференција со повеќе детали за ексклузивната изложба.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања