Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Левица: Нечовечноста на Владата го остави за министер обвинетиот Шабан Салиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
saban-saliu

Односот на Владата на Мицкоски кон трагедијата во Кочани го отсликува отсуството на минимум човечност и одговорност кај вмровските функционери, додека по секоја цена се обидуваат да ја заташкаат темата за дискотеката на смртта. Кулминација на селективна правда и неодговорност кон 62 трагично загинати млади животи е фактот дека еден од обвинетите за трагедијата - Шабан Салиу (коалиционен партнер на Христијан Мицкоски) продолжува да биде дел од владејачката гарнитура како министер без ресор, реагираат денеска од Левица.

— реклама —

-Додека родителите од Кочани секоја сабота бараат правда за системскиот колапс кој се случи на 16 март, владата на ДПМНЕ дрско и без никаква морална доблест држи владини прес-конференции со обвинетиот Шабан Салиу, наместо истиот да биде разрешен уште пред три месеци! Потсетуваме дека од 2008 до 2017 година со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) раководеше Шабан Салиу, додека ДПМНЕ кога дојде на власт го именуваше неговиот внук Кашмир Салиу за заменик-директор, посочуваат во партиското соопштение.

Наместо демонстрирање минимум морална одговорност, како што потенцира Левица, министерот Шабан Салиу дури оди и на судења за трагедијата користејќи службени возила, додека премиерот Мицкоски молчи заради своите коалициони калкулации.

— реклама —

-Ваквиот арогантен и нечовечен однос само ја потврдува суровата вистина - дека коалиционите математики на власта се повредни од 62 прерано изгубени животи. За жал, ниту најголемата трагедија во поновата историја не беше доволна за да пробуди морална одговорност и совест кај гарнитурата на власт, и најверојатно Македонија останува единствената држава во светот каде ниту еден функционер не понесе ниту морална одговорност преку оставка, ниту пак беше разрешен од една влада која единствено се грижи за својот рејтинг, нагласува Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања