Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ревизорите алармираат: Неконтролирани долгови и судски тужби од странски клиники за ФЗОМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
fzom_8

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) повторно е предмет на сериозни забелешки од страна на Државниот завод за ревизија. Во последниот извештај за 2023 година, ревизорите изразија „мислење со резерва“ и нотираа бројни системски недостатоци – од нерешен имотен статус на објекти, преку слабости во информациските системи, до ризици при лекувањето на осигуреници во странство.

— реклама —

Голем дел од недвижностите со кои располага ФЗО не се заведени во деловните книги и немаат регулиран правен статус. Дел од објектите потекнуваат од стечајни постапки, но не се проценети, а некои ги користат трети лица без формален договор, при што постои опасност од нивно отуѓување.

Ревизијата укажува и на значително зголемени побарувања од странски здравствени установи, кои во 2023 година достигнале износ од 300 милиони денари. Недоволната контрола врз доставените фактури и медицинската документација довела до судски тужби од странски болници.

— реклама —

Во извештајот се посочува и дека Фондот функционира без усвоена ИТ стратегија и без соодветен ИТ кадар, што довело до сериозни последици. Во 2023 година, ФЗО бил цел на сајбер напад кој довел до парализа на системот. Исто така, ревизорите предупредуваат дека не се користат сите лиценцирани софтвери, а повеќе модули се нефункционални или се користат само делумно.

Од вкупно 12 препораки што биле дадени при претходната ревизија, дел останале неспроведени. Заводот за ревизија сега повторно бара итни чекори – од ажурирање на ИТ стратегијата и пополнување на празните раководни позиции, до воспоставување комплетна контрола врз финансиските и имотните процеси.

И покрај досегашните обиди за подобрување, Фондот, според ревизорите, сè уште се соочува со сериозни структурни предизвици. Најавената ИТ ревизија за 2025 година треба да покаже дали институцијата ќе доживее суштинска трансформација или ќе продолжи да работи под зголемени ризици кои можат да ја загрозат здравствената заштита на осигурениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања