Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Коцевски по интерпелацијата – наместо оставка, фотосесија: Ја чека ли изборната тишина за да „купи“ време?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
kocevski-1

Откако доби интерпелација изгласана од пратениците што го избраа, државниот обвинител Љупчо Коцевски – наместо оставка или барем став – си продолжи по агенда. Нема одговор до јавноста, без прикажано чувство на морална обврска, тој испрати покана до медиумите. За фотографирање.

— реклама —

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Битола Оливера Нечаковска на 31.07.2025 година (четврток) во 12:00 часот ќе го означат официјалниот старт на работата на Истражниот центар во Основното јавно обвинителство Битола. Ви проследуваме покана за настанот“ – стои во официјалната покана до медиумите.

Додека институционалната доверба се распаѓа, Коцевски се фотографира пред нов истражен центар, како ништо да не се случило. Истражниот центар – чија работа можеше да започне и без неговото присуство – стана уште еден пример за квази-свечености во правосудството, каде формата го јаде суштинското.

— реклама —

Според неофицијални извори, Коцевски нема намера да поднесе оставка, иако му е изгласана интерпелација. А имал и тактика – да добие на време. Ова останува непотврдено.

Скоро е извесно распишување на локалните избори, а со тоа стапува на сила законска забрана да нема разрешувања и нови именувања. Ова му овозможува на државниот обвинител „да се шлепа“ до завршување на изборите, да продолжи со мандатот како ништо да не се случува, и да инкасира плата од државата, додека репутацијата на обвинителството паѓа, а довербата се урива.

Во меѓувреме, критики доаѓаат од сите страни – и од владејачкото мнозинство, и од опозицијата. Обвинителството се обвинува за селективна правда, за тивка соработка со моќни политички актери, и за неспособност да одговори на високиот јавен интерес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања