Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека пред септември, ќе се воведат мерки за да се спречи ценовен шок на училишните прибори. Според него, ќе се бара и начин да се санкционираат тие кои планираат да ги зголемат цените на училишните материјали во пресрет на новата училишна година.
„Сигурно ќе има мерки за училишната кошница. За да нема нагли зголемувања пред почеток на учебната година. Тоа однесување не само што ќе има жестока реакција од Владата, туку бараме законски можности како да санкционираме. Поврзано со цените во маркетите, апсолутно ги следиме овие два месеци, по двата месеци со мерки. И правиме анализа, за колку, одредени правни субјекти-маркети ги зголемиле цените“, рече Мицкоски.