Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Зеленски: Крајот на војната мора да биде праведен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
volodimir-zelenski1-830x0

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев „ја почитува и целосно ја поддржува“ заедничката изјава на европските лидери за постигнување мир во Украина со заштита на украинските и европските интереси.

— реклама —

Францускиот, италијанскиот, германскиот, полскиот, британскиот, финскиот лидер и претседателката на Европската комисија ги поздравија напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да се обиде да го стави крај на војната, но нагласија потреба од притисок врз Русија и обезбедување безбедносни гаранции за Киев.

„Крајот на војната мора да биде праведен и им сум благодарен на сите кои денес стојат зад Украина и нашиот народ за мир во Украина, кој ги брани виталните безбедносни интереси на нашите европски народи“, напиша Зеленски на „X“.

— реклама —

„Украина ја почитува и целосно ја поддржува изјавата на претседателот Макрон, премиерката Мелони, канцеларот Мерц, премиерот Туск, премиерот Стармер, претседателката Урсула фон дер Лајен и претседателот Стуб за мир за Украина.“

Трамп планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во петок на Алјаска. Тој ја застапува можноста за договор кој би можел да го реши конфликтот што трае три и пол години.

Зеленски и неговите европски сојузници предупредија дека секој договор со кој од Украина би се барало да предаде значителни делови од својата територија, само би ја поттикнал руската агресија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library03e0qoj1ff24cK529z1

Вашингтон и Киев без договор: Клучното прашање е територијата што Русија не ја освои

Свет | пред 6 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски за Блумберг: Мировниот договор е далеку, споровите околу Донбас остануваат

Свет | пред 12 часа

media-libraryjki9bask084dcggplpb

Трамп Јуниор со жестоки критики кон Украина и контроверзни толкувања на воениот конфликт

Свет | пред 17 часа

volodimir-zelenski1-830x0

Мировниот план за Украина во застој: тешки разговори и европски консултации

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања