Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, стапи во брак со својата избраничка Александра на свечена церемонија во скопскиот ресторан „Риас“.
Димитријевиќ на „Фејсбук“ сподели фотографии од радосниот момент со пораката:
„Од сега па натаму… двајца против светот.“
На церемонијата присуствуваа бројни гости, меѓу кои и претседателот на СДСМ Венко Филипче, заменик-претседателката Фани Каранфиловa Пановска и потпретседателите Ана Чупевска, Методија Илиевски, Каја Шукова и Мартин Костовски. И Каранфилова Пановска објави фотографија!
