На 8 август ми стигна писмо од министерот за економија. Го прочитав и гледам по ѕидовите да не е случајно скриена камера. Министерот за економија Бесар Дурмиши бара од мене да му кажам дали дискотеката Пјур „ги исполнувала минималните технички услови за вршење на дејност“.
Оф мори мајко, сите министри, па и тој министер. Не знае каде се наоѓа.
Министрееее! Белким ти мене треба да ми кажеш дали овој објект ги исполнува минималните технички услови за вршење на угостителска дејност.
За таа работа ќе се обратиш на друг шалтер. Шалтер што се вика пазарна инспекција. Ако не си знаел, пазарната инспекција ти е орган во состав на министерството за економија (твоето министерство).
Не ми се верува волку да не знаеш. Се ми се чини дека се обидуваш да купиш време за другарите на Александар Николовски.
Залудни ти се обидите.
Одговорноста е твоја.