🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Брутално тројно убиство во Боливија – жртвите се Македонец од Струга и двајца Срби, биле тешко мачени!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
droga

Телата на еден македонски и двајца српски државјани, брутално убиени и спакувани во црни кеси, се пронајдени во Боливија во средата наутро. Според боливиските истражни органи, убиствата се поврзуваат со дејствување на јужноамерикански нарко-картели и меѓународни криминални пресметки.

— реклама —

Неофицијалните информации од истрагата, која ја води јавниот обвинител Алберто Зебалос, укажуваат дека сите тројца биле подложени на тешки мачења во зграда северно од Санта Круз де ла Сиера, пред да бидат ликвидирани. Двајца од мажите имале повеќекратни повреди од тап предмет, а третиот – прострелна рана во главата. Телата се испратени на обдукција, по што ќе се изврши официјална идентификација.

Иако првичните медиумски извештаи тврдеа дека сите жртви се српски државјани, подоцнежните проверки потврдија дека едниот од убиените е Македонец – стружанецот Дејанчо Л. Другите двајца се од Ниш – Миљан Ќ., познат под прекарот Хитри, и уште еден маж кој, според наводите, бил водач на меѓународна криминална група задолжена за транспорт на кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.

— реклама —

Според истрагата, Миљан Ќ. бил ликвидиран два дена претходно, а групата се движела низ регионот со фалсификувани документи за идентификација. Боливиските власти, со поддршка на меѓународни полициски служби, го истражуваат случајот како дел од поширока операција против нарко-картелите.

„По дознавањето за случајот, обвинителот пристигна на местото на настанот за да ги спроведе почетните истражни чекори. Имаме прелиминарен полициски извештај, записник од пребарување, законско отстранување на телата и други елементи што се анализираат за да се расветли ова тројно убиство. Три лица се уапсени за истражни цели,“ изјави обвинителот Зебалос.

Телата биле откриени околу 1 часот по полноќ, по итен повик до полицијата. Истражителите велат дека според првичните сознанија, ликвидациите произлегуваат од вооружен конфликт меѓу спротивставени криминални структури кои се борат за контрола врз дистрибутивните канали на дрога во Јужна Америка.

Од македонското МНР потврдија дека амбасадата на Северна Македонија во Бразил е во постојана комуникација со амбасадата на Боливија во Бразилија. „За потврда на идентитетот на жртвите, се очекува завршување на обдукцијата, која е во тек,“ наведуваат од министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања