Тепачка помеѓу два лика кои креираат видеа за „Тикток“ е една од најпопуларните содржини во Македонија. Снимката е направена во скопско Влае, каде извесени Лара и Кт си упатуваат навреди, па продожува со физичка пресметка. Снимката за едне ден има над 10 илјади лајкови.
Дали е сатирична содржина или реална кавга - знаат само авторите. Снимката е толку популарна, што доби десетици „римејк“ верзии.
[caption id="attachment_347295" align="alignnone" width="1045"]
Screenshot[/caption]
Објавувањето на содржини каде се гледа насилство во Македонија често станува вирално. Па така, изминативе денови сведочевме на случај каде девојче било нападнато, снимката станала вирална на „Тикток“, а тоа се плашело да каже на родителите, за да нападот не се повтори. Родителот ја видел снимката онлајн по што пријавил во полиција.
(Видео) Нов страшен случај на насилство во Скопје: Три малолетнички ја нападнале, четврта снимала - жртвата не пријавила, таткото дознал од интернет
СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз 11-годишно девојче од Чаир, кој беше снимен и објавен на социјалните мрежи. Како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20 јуни 2025 година околу 14 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, девојчето било физички нападнато од три малолетнички, додека четврто девојче го снимало нападот со мобилен телефон.Видеото од настанот во изминатите денови било споделено на социјалните мрежи и на еден портал. Случајот во полициска станица го пријавил таткото на нападнатото девојче на 1 септември 2025 година, откако дознал за настанот преку интернет. Според неговата изјава, ќерката молчела за нападот поради страв од ново насилство.Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за кривичните дела „насилство“ и „неовластено снимање“.
Скопје | пред 3 месеци
„Тикток“ и другите социјални мрежи, имаат свои механизми за заштита од ширење на вакви