🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Шест години земал плата без да оди на работа – оштетен државниот буџет за 1,6 милиони денари преку АХВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
administracija

СВР Куманово поднесе кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

— реклама —

Според информациите, при контрола во Подрачната единица Куманово на 30 мај 2024 година било утврдено дека еден од пријавените, Р.Е. (51) од с. Слупчане, на работно место помлад референт-архивар, во период од речиси шест години, од декември 2018 до април 2024, воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.

Второпријавениот З.А. (59) од Скопје, кој бил вршител на должноста директор на Агенцијата до декември 2020, и неговиот наследник Н.Б. (61) од Битола, директор до јули 2024, свесно дозволиле исплатата да продолжи, иако Р.Е. не ги извршувал работните обврски.

— реклама —

Меѓу пријавените се и А.Б. (59) од Скопје, раководител на Одделение за финансиски прашања, кој без проверка потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на плати и придонеси, како и С.К. (58) од Штип, раководител на друго одделение во Агенцијата, кој не презел мерки да ја спречи незаконитата состојба.

Со ваквите дејствија, на првопријавениот му биле исплатени 1.159.081 денар, а државниот буџет е оштетен за вкупно 1.682.759 денари, соопштија од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања