Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов носител на коалиционата листа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
aleksandar-trajanovski1

Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР ја објави својата кандидатура, истакнувајќи дека по осум години работа во Советот на Градот е подготвен да понуди конкретни решенија за проблемите на граѓаните, со визија за современо и одговорно Скопје и со Ристо Пенов како носител на листата.

Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за градоначалник на Скопје, од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.

По 8 години активно работење во Советот на Град Скопје – со бројни иницијативи, предлози и проекти, со средби и размена на искуства со градоначалници од повеќе од 30 европски градови, како и со учество на обуки и семинари за развој и унапредување на локалната самоуправа – денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија.

— реклама —

Особено ми е чест што како носител на нашата листа ќе биде господинот Ристо Пенов, човек кој веќе остави длабок белег на овој град. Заедно ќе понудиме конкретни и ефикасни решенија за подобар живот во главниот град.

— реклама —
Нашата визија е:

✔️ Современо и одговорно Скопје

✔️ Отворен град за граѓаните

✔️ Ефикасен јавен превоз

✔️ Модерно управување со отпадот

✔️ Почит и соработка со сите општини

✔️ Решавање на реалните проблеми на сите граѓани

— реклама —

Заедно можеме да изградиме Скопје какво што заслужуваме – модерен, функционален и жив град за сите нас!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Penov

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион

Македонија | пред 2 години

20220927175508

Ристо Пенов ја прифатил поканата да биде министер за локална самоуправa

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања