Македонија

„Другата страна на политиката“ ја објави поканата до Пендаровски, но и до сите кандидати

„Другата страна на политиката“ по заедничкото интервју со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река во кое не учествуваше Стево Пендаровски објави демант дека третиот учесник на претседателските избори не бил повикан на истото и ги прикажа поканите.

– Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката. Во таа насока СЕ ОГРАДУВАМЕ од сите политички контексти и поврзување со политички субјекти.
Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати.

На крајот истакнуваме дека и покрај се, ние сме отворени за соработка, а поканата за креативна средба со професорот Стево Пендаровски сеуште е отворена. Оваа објава е откако Пендаровски претходно реагираше дека не добил никаква покана за интервју од „Другата страна на политиката“, откако Силјановска напиша дека тој не прифатил да дојде.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток