Македонија

Пендаровски на ТВ 21 откри – Разговарав со висок функционер на ДУИ,му реков да престане со на говор на омраза кон Река

Вечерва на последната политичка дебата на Телевизија 21, тројцата претседателски кандидати за последен пат ја имаа можноста да се претстават пред граѓаните на Република Македонија.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашната дебата на ТВ 21 рече дека непотпишувањето на законите изгласани во Собрание од страна на Иванов е скандалозно. Пендаровски меѓу другото откри дека вчера разговарал со висок функционер на ДУИ и му рекол да престане со реториката на говор на омраза кон кандидатот Блерим Река.

-Така ќе реагирам кон секој кој на таков начин сака да ми „помогне“. Добив одговор дека тоа нема да се повтори, рече Пендаровски.

Во текот на дебатата, Стево Пендаровски во обид да и’ наметне став во облик на обвинување на Гордана Силјановска Давкова дека не се залага за Албанците, Силјановска му одговори дека звучи како рефрен од расипана плоча. Таа рече дека неговите говори од 2001 година, за кои постојат и докази во весниците, ги знае и таа, а и сите Албанци во државата.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток