🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа во Загреб, повреден синот на Горан Иванишевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
goran-ivanisevik

Синот на поранешниот тенисер Горан Иванишевиќ, Емануел Иванишевиќ (12), вчера страдаше во автомобилска несреќа во Загреб. Во автомобилот, тој бил со манекенот и музичар Влахо Арбулиќ (29). Тој за сплитска „Слободна Далмација“ изјавил дека возачот кој ги удрил поминал на црвено, а од силниот удар, автомобилот во кој бил Иванишевиќ удрил во ѕид.

— реклама —

Автомобилот од силниот удар удрил во ѕид (Фото: Читател на порталот „24 сата“)

— реклама —

„Во шок сме и фокусирани сме Емануел што поскоро да закрепне. Има повреди на главата кои се квалификувани како тешки, но лекарите се оптимистични и се надеваме на позитивен исход“, изјавил Арбулиќ.

Инаку Емануел оди по стапките на својот татко. И тој е вљубен во тенисот и со ист темперамент на теренот.

Во моментов, Емануел е во болница, а со него е неговата мајка, Татјана Драговиќ. Горан Иванишевиќ не е во Хрватска, но е на пат накај Загреб за да биде блиску до синот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања