Македонија

Единствена Македонија: Не излегувајте на избори затоа што нема македонски кандидати

Единствена Македонија го повикува македонскиот народ и сите лојални граѓани на државата да не излегуваат на изборите во недела оти нема македонски кандидати.

„Во изборната кампања видовме дека претседателските кандидати немаат намера да го поништат антимакедонскиот договор со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ .

Со неизлегување на изборите и немањето на цензус, изборите ќе бидат неуспешни со што се отвора патот за распишување парламентарни избори на кои може да го осигураме стратешкиот интерес на Татковината. Единствената надеж за Македонија е доколку по следните парламентарни избори дојде народна власт, прво, со определба да го поништи Договорот за промена на името, и второ, да дојде народна власт за која светот е поширок и не завршува во Брисел. Затоа, на следните парламентарни избори, македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија немаат повеќе право на грешка.

Ние во Единствена Македонија сме целосно спремни да бидеме предводници на процесот за враќање на Македонија на изворните принципи на Илинден и АСНОМ!“, велат од партијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток