Во акцијата на полицијата во која беа уапсени четворица дилери на дрога, од слобода се лишени уште 12-мина кои купувале кокаин. МВР, Обелоденува дека тоа биле менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, објави курир.мк. Од слобода лишени 12 лица.
Полицијта соопштува дека за време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин .
Во рамки на истрагата, претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за овозможување на употреба на наркотични дроги.