Скопје

15-годишно момче нападнато на кеј од поголема група

На 19.05.2019 година во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 23.30 на 18.05.2019 до 00.10 часот на 19.05.2019 година 15-годишно момче од Скопје било физички нападнато од поголема група непознати лица. Според пријавеното, додека тој и двајца негови другари шетале по кеј на реката Вардар, бил пресретнат и нападнат од лицата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На почеток