Во авганистанскиот Парламент денеска дојде до тепачка меѓу пратениците за време на изборот на нов парламентарен претседател.
При гласањето, кандидатот на претседател на Парламентот, бизнисменот Мир Рахман Рахмани доби еден глас помалку од неопходните 124 за да биде избран, но неговите приврзаници инсистираа дека тој сепак е избран на функцијата, на што се спротивставија неговите противници.
По ова дојде до расправија меѓу двата табора, која прерасна во тепачка, откако противниците на Рахмани го блокираа местото на претседателот на Парламентот и бараа ново гласање.