Силна експлозија денеска уништи туристички автобус во близина на новиот Голем египетски музеј што се гради во областа на пирамидите во Гиза.
Според информации кои ги пренесоа локални медиуми, при експлозијата се повредени најмалку 17 лица. Во автобусот патувале претежно странски туристи.
Засега не е познато кој и зошто ја поставил експлозијата на место каде што има многу туристи.