вто. Дек 3rd, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Единствена Македонија до ДИК: Кога веќе барате промени на Изборниот законик, предложете дијаспората да гласа по електронски пат

Државната изборна комисија најави дека до крајот на месецот ќе поднесе иницијатива со конкретни предлози за менување на Изборниот законик. Единствена Македонија ја повикува Државната изборна комисија да предложи и промена на начинот на гласањето на Македонците во странство. ДИК да предложи нашинците во странство да гласат по електронски пат и без претходно да се регистрираат кој сака да гласа, туку, секој кој е запишан во Избирачкиот список да може директно да гласа по електронски пат. На тој начин ќе се намалат големите трошоци со делегирање на избирачки одбори во странство а несомнено ќе се зголеми и интересот за гласање од странство, се вели во соопштението од Единствена Македонија .

Во оваа насока да се направи и попис на нашинците во странство со цел да се бираат пратеници соодветно на бројот на Македонците во странство, бидејќи сегашните тројца пратеници од странство се премалку во однос на реалната бројка на Македонци во странство. Ја користиме приликата да го потсетиме и СДСМ дека во изборната кампања за парламентарните избори во декември 2016, Зоран Заев јасно и недвосмислено изјави дека кога ќе победат на изборите веднаш ќе го променат изборниот модел и Македонија ќе биде една изборна единица, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com