„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Дескоска и Поповски на конференција за намалување на корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

— реклама —

Министерката за правда Рената Дескоска и министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, денес, ќе учествуваат на конференцијата посветена на „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис - сектор“, што како проект финансиран од Европската Унија, го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Здружението на граѓани Конект.

— реклама —

Министерката Дескоска на конференцијата, која започнува во 11:00 часот во хотелот Холидеј Ин, ќе има свое воведно обраќање на панелот „Важноста на интегритетот и намалувањето на корупцијата во бизнис секторот“, додека министерот Поповски ќе говори на панелот на тема „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања