Република

Единствена Македонија: Марионетскиот претседател Стево Пендаровски го направи првото кривично дело

Марионетскиот претседател Стево Пендаровски кој не е избор на македонскиот народ денескаго направи првото кривично дело со злоупотреба на неговата службена положба.

На 22 мај медимуите во земјата пренесоа дека е комплетиран составот на кабинетот на Пендаровски според информации токму од кабинетот на Пендаровски и притоа беа објавени имињата на неговите советници, посебни и надворешни, како што се Бљерим Кољари советник за национална безбедност, Александар Спасов надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов советник за надворешна политика, Тоше Зафиров советник, Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.

Стево Пендаровски денеска објави јавен оглас за советници за прашања од областа на надворешната политика, од областа на безбедноста и од областа на внатрешната политика со што само формално-правно го покрива веќе извршениот избор на советници по личен избор.

Стево Пендаровски на очиглед на целата јавност го крши законот оти постапката првин да избира советници а отпосле да распишува јавен оглас е спротивна на законот.

Марионетите Пендаровски и Зоран Заев веќе толку се осилија што не фермаат закони свесни дека уживаат заштита од нивните странски газди од НАТО оти НАТО не го интересира безаконието туку сакаат само марионети кој верно ќе им служат во геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ.

Новата народна власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека ќе расчисти со безаконието, криминалот и корупцијата, одговорност мора да има“, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

Најчитани

To Top
Close