Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија: Заев, џабе плачиш кај странските газди по ходниците во Брисел, ти нема спас од македонскиот народ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев продолжува да ја понижува Република Македонија на меѓународен план со најновото поданичко молење на неговите странаски газди во Брисел да дадат датум за преговори оти ќе паднела неговата влада.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев веднаш да се врати во Татковината, и наместо во Брисел, тука во Република Македонија да ја води битката за својата влада. Недозволиво е Заев да шета по Брисле и таму да ја бламира сопствената држава.

— реклама —

Прашањето за една македонска влада се решава во Република Македонија, а не во Брисел и затоа, Зоран Заев за своите политики со кои избриша се што е македонско нека се соочи со македонскиот народ, па така, со сите расположиви демократски механизми да ја води борбата за својата власт доколку македонскиот народ е задоволен од него, а не да ја понижува својата држава кај европските бирократи.

Заев, џабе плачеш и молиш кај твоите странски газди по ходниците во Брисел да ти ја спасат марионетската власт во Скопје. Избриша име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ. Во земјата владее безаконие, корупуција и криминал. Ти нема спас од македонскиот народ кој драстично ќе те казни на следните парламентарни избори, без оглед кога ќе се одржат, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања