Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: СДСМ глуми лудило, ќе барале консензус за промена на изборниот модел а извршија предавство без консензус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Единствена Македонија реагира на денешната изјава на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски дека за промена на изборниот модел е потребен консензус од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и албанските партии во Собранието, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Добро е да се промени изборниот модел со консензус, но, доколку не се постигне консензус го потсетуваме СДСМ дека во изборната кампања за парламентарните избори во декември 2016, Зоран Заев вети дека кога ќе победат на изборите ќе го променат изборниот модел и Македонија ќе биде една изборна единица. Доколку СДСМ не воведе една изборна единица, Заев продолжува да влегува од лага во лага со што се потврдува дека лидерот на СДСМ постојано ја замајува јавноста.

— реклама —

Но, СДСМ сега глуми лудило. СДСМ сега калкулира и се задскрива зад ВМРО-ДПМНЕ иако има доволно мнозинство во Собранието да го смени изборниот модел. СДСМ изврши национално предавство со бришењето на се што е македонско без консензус на македонскиот народ, а сега за изборниот модел ќе барале консензус што е врв на дволичноста на марионетската власт во Скопје.

Да потсетиме, Единствена Македонија уште на 22 јули 2010 во Собранието има поднесено амандман на Изборниот законик со кој се бара промена на изборниот модел и територијата на Република Макеоднија да биде една изборна единица, но, овој амандман до денешно време остана закочен во собраниските фиоки, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања