Македонија

Јанакиески: Нашите како војска уште од сабајле гласаат

Во повеќе од 70 „бомби“ на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се слушнаа раговори за активностите за кампањата за изборите од 2012 година кои ги превземала тогашната партија на власт, а се со цел, како што се слушна, да добијат убедлива победа на изборите.

Во еден од разговорите се слуша како Јанакиески говори за носење на автобуси од Италија полни со луѓе за кои калкулираа дека може да донесат околу 300 гласачи во шест автобуси. Јанакиески на соговорник кого го ословува со „куме“ му рече дека на денот на изборите „нивните“ гласаат како војска уште од сабајле.

Во една од „бомбите“ поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со соговорник договара поставување на билборди во Кавадарци и Прилеп, додека во друга, пак поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска прашува кога Коце Трајановски ќе го пушти патот во населбата Камник за да биде погоден тајмингот. Таа прашува соговорник како стојат во Куманово, а тој и вели дека таму е многу тешко. Јанкулоска во разговорот констатира дека со нивните е потешко да се соработува отколку со другите. Поранешната прва полицајка на соговорникот му бара список со фирми кои, како што рече, се запоседнати од Бајруш.

Поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и Миле Јанакиески на денот на изборите бараат помош од еден соговорник да им заврши работа во ромското маало во Струмица додека друг, пак, му се жали на Миле дека му дошла финансиска полиција. Јанакиески дава насока да се јават кај Сеат Кочан да му даде неколку фактури за да ја средат работата со финансиите.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток