Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Заев и Ахмети спремаат уште еден фалсификуван попис за лажно прикажување на Албанците како во 2002

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Ја информираме јавноста дека Зоран Заев и Али Ахмети спремаат фалсификување на пописот во 2020 година, како и пописот во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25 отсто, со цел, да се задоволи потребата на рамковниот договор, кој предвидува македонските Албанци да ги добијат правата само ако учествуваат со над 20 отсто од населението.

— реклама —

Се очекува пописниот фалсификат да се изведе на начин што ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија само врз основа на изјава на некој член од семејството иако стандарден европски модел е да се регистрираат сите кои барем во последните 12 месеци влегле во Македонија.

— реклама —

И во услови на целосна концентрација на моќта кај Заев, ги повикуваме пратениците од владеачкото мнозинство да покажат одговорност со тоа што, ќе му го одземат правото на Заев да прифати фалсификување на пописот во 2020 година и во собраниската расправа ќе ги избришат законските одредби со кои се овозможува фалсификување на пописот.

— реклама —

Заев, ве предупредуваме дека немате мандат од македонскиот народ да договарате со ДУИ уште еден фалисификуван попис. Заев, запознаени сте со кривичната пријава на Единствена Македонија од 24.09 2009, поднесена до Државното обвинителство за фалсификување на пописот во 2002. Од приложените факти и докази кон кривичната пријава јасно се гледа дека албанското малцинство е околу 17 отсто од населението.

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2020, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалисификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања