Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Заев пак излажа од Берлин за датум за преговори, вистината е дека се троши неговата употребна вредност кај странските газди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Веќе стана практика марионета Зоран Заев, а отвори уста да излаже. Така беше и по вчерашната средба со Анѓела Меркел по која Заев бомбастично изјави дека Македонија добива датум за преговори со ЕУ во септември.

— реклама —

Но, по неколку часови Заев доби силен шамар од Меркел со објавувањето на официјалното соопштение од германската влада во кое никаде не стои зборот „септември„ како датум за преговори. Во соопштението беше кажана само болната вистина дека Северна Македонија го испорачала очекуваното на кое Берлин гледа позитивно, а кое останува длабоко трауматично за македонската национална свест оти марионетата Заев ја фрли Македонија на коленанаспроти референдумската народна воља против бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Зоран Заев и неговите политики на домашен и меѓународен план, се поразени. Станува јасно дека се троши употребната вредност на марионетата Заев кај неговите странски газди и прашање на време е кога Заев ќе биде фрлен на буништето на историјата.

— реклама —

Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени избори со што Заев добива шанса за некакво достоинствено заминување од политиката преку пораз на изборите.

Се разбира, за предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања