Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија до Бугарија: Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Зоран Заев и Љубчо Георгиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, деновиве водат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

— реклама —

На домашен терен пак, во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на македонската историја на Бугарија се една сегашна и една поранешна премиерска мариоента: Зоран Заев кој со договорот со Бугарија ги брише Македонците во Македонија и пиринскиот дел на Македонија и Љубчо Георгиевски кој не признава македонска држава во етничка, туку само во државотворна смисла според која Македонците се бугари.

— реклама —

Патем, аргументите на Љубчо Георгиевски за бугарското потекло на Делчев дека дал заклетва на бугарски при уписот во бугарското училиште, бил учител во бугарската држава, потпишувал свидетелества на бугарски јазик...се ептен шашави, неиздржани, се косат со човечката логика и не заслужуваат дури и посериозна научна елаборација. Но, во интерес на вистината, Единствена Македонија е спремна да дебатира со Георгиевски за неговите наводни аргументи за Делчев, во време, место и медиум кој ќе го одбере самиот Георгиевски.

— реклама —

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што Зоран Заев и Љубчо Георгиевски ќе и бидат подарени на Бугарија, а Гоце Делчев може да почива во мир, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања