Промени тема
Контакт

Единствена Македонија: Кој ќе прави бизнис во милиони евра со рудникот Иловица, Зоран или Заев?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Единствена Македонија ги подржува протестите на локалните жители од општините Босилово и Ново Село и активисти од екодвижењето „Здрава котлина„ кои беа реактивирани вчера и ќе траат до конечното спречување на изградбата на рудникот Иловица-Штука, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Случајот со рудникот за злато и бакар Иловица-Штука е дефинитивна потврда за Зоран Заев како двојна личност оти се изнагледавме за исти случаи едно зборува Зоран а друго Заев.

— реклама —

Зоран Заев пред две години беше решително против изградбата на рудникот Иловица-Штука, а сега не се противи на градбата на рудникот ама ја замајува јавноста дека владата ќе формирала мониторинг тело кое ќе го надгледувало рудникот.

— реклама —

-Дозволете да се обратам за да го знаете нашиот став и како влада и како политичка опција и како коалиција. Јас го соопштив ставот на владата. Ставот на владата е многу логичен, нешто што го чекаат граѓаните. Лично јас но и владата сме против изградба на рудникот и ќе направиме се да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани“ - рече Зоран Заев на промоцијата на Боро Стојчев како градоначалник на Општина Ново Село во 2017 година. Се поставува прашањето што е тоа што сега го промени ставот на Заев и на владата во врска со здравјето и животот на граѓаните. Дали тоа е бизнис интересот на Заев и фамилијата во милиони евра за транспорт на 15 милиони тони руда со камиони од Иловица до Република Бугарија а веќе се знае која од триесетината фирми од кланот Заеви и нејзини партнерски фирми ќе го вршат превозот. Бизнисот со златото од овој рудник кој според проценките на Геолошкиот завод на Република Македонија е 70 тони, е посебна приказна. Засега останува само дилемата, кој се премислува, Зоран или Заев?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања