Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев:Ти благодарам Емануел што не го признаваш предавството на Заев како услов за влез во ЕУ, паметен чекор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

„Силно ја поздравувам храброста на претседателот на Франција, Емануел Макрон, откако денеска европската јавност е иформирана зошто Франција го блокира проширувањето на ЕУ со Македонија. Француската позиција дека „нема проширување без зголемување на интеграцијата на Унијата и без испитување во однос на нејзиниот капацитет за апсорпција“ јасно покажува дека националното поништување на македонскиот народ од марионетскиот премиер Зоран Заев за кого цел свет знае дека е инсталиран од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите, не може да се вреднува во Европа која базира на национален и религиски идентитет.

— реклама —

Марионетски влади кои вршат национално предавство врз сопствениот народ нема што да бараат во Унијата. Впрочем, свежи се француските сеќавања какви тешкотии му нанесе на францускиот народ марионетската вишиевска влада на Маршал Петен инсталирана од странци, за што Франција го осуди за велепредавство маршал Петен на смртна казна а покасно преиначена во доживотен затвор.

— реклама —

Единствена Македонија и ја лично сочуствуваме со непријатната ситуација во која е ставен претседателот Макрон оти во скоро време ќе треба реалноста да ја предочи и на марионетата Заев дека недозволиво е една држава да стане членка на ЕУ со национално предавство. Патем, за ова на 28 мај имав корисна средба и со францускиот амбасадор во Скопје, Кристиан Тимоние. Како и да е, голема благодарност Емануел за паметниот чекор на Франција на состанокот на Советот на министри во Луксембург“ - изјави денеска Бачев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања