„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Полицајци пронашле хероин во домот на тетовчани, возач удрил велосипедист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mvr

На 24.10.2018 околу 14,20 часот, на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Б.Б.(25) од Тетово и велосипед што го управувал А.А.(37) исто така од Тетово. Повредениот велосипедист e пренесен во тетовската клиничка болница. Извршен е увид на местото на настанот.

— реклама —

На 24.10.2018 година околу 18,30 часот, во непосредна близина на месноста „Шипковачки бачила“, под Попова Шапка, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ја пронашле и и пружиле помош на украинската државјанка Ф.О.( 21 ), која заталкала симнувајќи се низ шумскиот предел „Сидол“. Ф.О. кампувала во близина заедно со Ј.М.(27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израeл. Тројцата, потоа продолжиле со кампувањето.

На 24.10.2018 година од 16,30 до 17,20 часот Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на Ф.У.(36) од Тетово на улица „Штипска“ во Тетово. При претресот, реализиран со судска наредба, понајден е хероин, а кај Е.И.(38), исто така, од Тетово, кој бил со него, пронајдена е марихуана. Двајцата се лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања