Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Штом Шеќеринска ни забрани дебата во Домот на АРМ, готови се и тие тоа го знаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ја забрани стручната дебата во организација на Единствена Македонија на начин што не дозволи користење на сала во Домот на АРМ иако претходно уредно беше доставено соодветно барање, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Шеќеринска ја ставила забраната откако и било предочено дека универзитетски професори, дипломати, историчари и новинари ќе дебатираат за излезните решенија за Македонија по националното предавство на марионетската власт во Скопје со бришење на се што е македонско.

— реклама —

— реклама —

Шеќеринска изврши тешка злоупотреба на својата положба оти Домот на АРМ не е нејзина приватна своина туку објект во државна сопственост во кој согласно законот се издаваат простории за најразлични настани со плаќање на соодветна закупнина. Дотолку повеќе, Единствена Македонија во изминатите десетина години има организирано повеќе дебати и трибини во Домот на АРМ со уредно плаќање на закупот на просториите.

Забраната на Шеќеринска на демократска дебата е веќе знак на една уплашена власт за која цел свет знае дека е инсталиран од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите. Готови се и тие тоа го знаат, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања