Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Заев ја потценува жртвата на бранителите во Арачиново, ние никогаш да не заборавиме на бранителите-херои

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев денеска не беше во Арачиново да одаде почит на загинатите македонски бранители кои загинаа во Татковинската војна на денешен ден пред 18 години во битката за Арачиново. Зоран Заев постојано се фали со едно општество за сите, но, во замисленото општество на Заев има место само за Албанците а не и за Македонците. Нашите херои од Татковинската војна за Заев не заслужуваат внимание. Заев гази по достоинството на бранителите и нивните семејства и ја потценува жртвата што ја дадоа македонските херои во Татковинската војна, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Марионетата Заев го интересираат само прашања поврзани со албанското малцинство а негира се што е поврзано со Македонците. Во изминатите две години Заев неколку пати го посетуваше Арачиново и таму не можеше да ги наброи проектите за Албанците финансирани од буџетот, како на пример, изградбата на општинска зграда, училиште, градинка, локални патишта, канализација и други објекти во Арачиново.

— реклама —

Меѓутоа, Заев одбива поставување спомен - обележје на: Никола Пехчевски, Атанас Јанев Александар Стојчев и Оливер Китановски, бранители кои загинаа во Арачиново во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.

— реклама —

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е оддавање достојна почит на бранителите - херои и решавање на проблемите на преживеаните бранители и семејствата на загинатите бранители. Луѓето кои го дадоа својот живот за татковината, ја заслужуваат нашата почит, а не да се гази врз нивната жртва, дадена за нашата држава, Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања