Промени тема
Контакт

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал во изминатите две години ја замајува јавноста со палијативни решенија и обвиненија за набавка на мерцедес во кој сега без проблем се вози и Заев, за шамари во општина Центар, за изборни измами, прислушкување, поништување изборен материјал, укинување на пратеничката плата и одземање на мандатот на Груевски, за поврат на смешни износи од ДДВ, за поставување на бројчаник кој остана гол украс, за некаква метла на функционери а излезе обично метличе кое остави се под тепих... меѓутоа, сето ова нема допирни точки со одземањето на украдените 5 милијарди евра, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

Зоран Заев како опозиционер ветуваше дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и сликовито велеш: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра„ и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар.

— реклама —

Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените 5 милијарди останат нечепнати.

Заев како премиер молчи и трупаше големо богатство од позиција на власт за себе и фамилијата. Дали Зоран министерот за финансии ќе го реализира ветеното дека власта на СДСМ ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 30 години ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања