View the subsequent content through the homepage link#usa #shortsvideo #newyork
vyiJXYRCAYI

Единствена Македонија: И што сега со Заев, Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Единствена Македонија го поздравува најновиот извештај на мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа во кој се вели дека Бугарија не ги признава Македонците во Бугарија и дека во Бугарија има расизам и дискриминација во однос на Македонците во оваа земја, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Од друга страна, марионетската власт во Скопје со Договорот со Бугарија (член 11) се откажа од грижата за Македонците во Бугарија со што на своевиден начин го избриша постоењето на Македонците во оваа соседна земја.

Македонците во Бугарија сега се наоѓаат во една крајно незавидна и апсурдна состојба во која странците, односно, скоро сите европски држави кои членуваат во Советот на Европа ги признаваат како Македонци во Бугарија и се загрижени за нивната положба оти ниту македонски јазик, ниту историја не се учи во бугарските училишта, а власта на Зоран Заев во Македонија не ги признава Македонците во Бугарија со тоа што се откажа од нивна заштита и ги избриша со Договорот со Бугарија.

— реклама —

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси има готов концепт како со своите странски пријатели ќе се избори за почитување на меѓународните документи за почитување на малцинските и човековите права и во оваа насока Договорот со Бугарија кој е штетен за Македонците во Бугарија, ќе биде поништен, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања