Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија : Што уште треба да се случи за Заев да поднесе оставка?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Устата на Зоран Заев е полна со демократија, владеење на правото, европски вредности за одговорност, чесност, моралност. И навистина, во земји - членки на Европската Унијата почесто гледаме како премиери и министри си даваат оставки за најбанали случувања, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

— реклама —

Во Македонија владее безаконие, корупција и криминал. Марионетската власт во Скопје подолго време ја тресе скандал со масовни вработувања на членови на семејствата и блиски роднини на функционери, кражба на народни пари од министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добивале грантови по неколку стотици илјади евра како и тендери на министри во милиони евра.

— реклама —

Најново, на собраниската седница за пратенички прашања Заев призна дека знае и за рекетот што го врши рекетарска група низ Македонија а во која има и високи функционери на СДСМ и дека знае оти неговиот советник кој се фали со врски кај Емануел Макрон не живее во Франција и платата од македонските даночни обврзници во висина од 1.200 евра ја примал во Србија со што го одбегнувал и данокот во Македонија.

— реклама —

За сите овие скандали на власта во Скопје целосен молк и од НАТО и ЕУ за функционирањето на правната држава. Сега е јасно и зошто. НАТО и ЕУ го гарантираат безаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје, а која за возврат послушно ги спроведува нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија го прашува премиерот и министер во обид Зоран Заев, ако сите овие скандали на власта не се доволни барем за негова морална оставка, тогаш, што е морал за Заев и што уште треба да се случи за да поднесе оставка, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања