На стариот автопат, со ново име, освен автомобили, има и крави. На потегот од првата патарина во правец Скопје до Интернационалниот аеродром-Скопје денес крава пасеше на третата лента. Со ова, се отвора прсшањето дали е безбеден сообраќајот на автопатот “Пријателство”.
Исто така, возачите се жалат на крпениот пат и многуте дупки. Тие прашуваат дали кога веќе плаќаат патарини, надлежните ќе го санираат асфалтот на автопатот.