Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија: За кои безбедносни служби зборува марионетата Стево Пендаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија изразува изненаденост од денешниот хумор на Стево Пендаровски дека наводните непроверени шпекулации на ВМРО-ДПМНЕ за директорот на разузнувањето биле штетни за безбедносните служби. Секојдневните препукувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за се и сешто за замајување на јавноста ги оставаме настрана, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Но, за која штетност и за кои безбедносни служби зборува Стево Пендаровски кога Македонија нема такви служби во вистинска смисла на зборот. Македонија некаде до 1995 година имаше какви-такви свои самостојни служби, но, отогаш американската ЦИА го завладее разузнавачкиот простор и македонските служби се обични филијали на ЦИА.

— реклама —

Пендаровски самиот е непосреден сведок дека новиот директор на Агенцијата за разузнување го назначи по претходно позитивно мислење од ЦИА или како што се вели „партнерска служба од земја-членка на НАТО“. Зоран Заев го назначи директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање по претходно добивање на неговото име на ливче од американската амбасада во Скопје.

Најдобронамерно му укажуваме на марионетата Пендаровски да не се бламира на јавна сцена оти кога зборува за сопствени македонски безбедносни служби, луѓето почнуваат да се смеат.

— реклама —

Постоењето на сопствени безбедносни служби во Македонија е фикција. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за етаблирање на вистински безбедносни служби кои ќе бидат во интерес на Република Македонија, а не во интерес на странците, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања