Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија: Уште колкaва брука на државата треба да и направи Заев за да си поднесе оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Единствена Македонија го прашува Зоран Заев што е одговорност и морал за него за да си поднесе оставка по вчерашните телефонски разговори со, како што мислел Заев со Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Не е проблематично за Заев во разговорите прашањето со мито од 100.000 евра оти митото е нешто својствено за Заев. Но, разговорите на Заев се сериозна безбедносна, политичка и дипломатска штета за државата земајќи предвид дека Заев во негативна конотација оговара пријателски земји на Македонија.

— реклама —

Зоран Заев подолго време ја изложува земјата на потсмев и брука на меѓународната сцена со неприфатливо однесување според дипломатските протоколи. Но, среќа во несреќа е, што крајот на Заев е близу оти тој на следните избори ќе биде катастрофално поразен од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. Македонија со новата народна власт која доаѓа ќе се врати на вистинскиот пат, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања