Судиите и Обвинителите ќе се спасат од ветинг. Премиерот Заев вели дека процесот засега не може да се спроведе бидејќи недостасуваат овие кадри. Според систематизација, во државата се предвидени 750 судиски места а моментално се пополнети 520, вели Заев.
„Ако процесот прочисти уште 300, на две години се продуцираат по 19 судии и обвинители. Немате начин како да ги пополните. Пример, ако кажеме дека 200 не ги исполнуваат условите, ќе остане државата со 320 судии од 750 проектирани како потреба, тогаш ќе навлеземе во други видови на проблеми.
Распуштање со право на реизбор беше нашиот став за судството. Едната причина е со европските партнери кога разговаравме, побараа лична одговорност, а не колективна. Втората причина е ресурскиот капацитет. Како да се пополнат испразнетите судски и обвинителски места , ако дел од судиите заминат по ветингот“, рече Заев.